Plivit C

Plivit C

198,00 ден

Витамин Ц, или аскорбинска киселина — витамин растворлив во вода, присутен во овошјето и зеленчукот. Тој е еден од најиспитуваните и најопишуваните витамини, и е првиот синтетизиран витамин. Овој витамин има редукциони својства и учествува во многу биолошки процеси. Важен е за синтезата на колагенот и карнитинот, како и за метаболизмот на масните киселини. Тој е најсилниот антиоксиданс меѓу витамините кои се растворливи во вода.

Витаминот Ц има неколку важни улоги во организмот на човекот:

  • влијае на растот на `рскавичното ткиво и на забите
  • има улога во синтезата на стероидните хормони
  • ја стимулира адреналинската функција и ослободувањето на адреналин и норадреналин од сржта на надбубрежната жлезда
  • има антиоксидативно својство, односно учествува во отстранувањето на слободните радикали

Product Description

  • Pliva-Plivit C 500mg. X 60 tabl.