LINEX BABY KAPKI

LINEX BABY KAPKI

425,00 ден

Linex Baby пероралните капки содржат живи лиофилизирани бактерии од родот Bifidobacterium кои ја воспоставуваат и одржуваат рамнотежата на цревната микрофлора. Здравата рамнотежа на цревната микрофлора може да биде нарушена од голем број на фактори, како што се вирусни и бактериски цревни инфекции (на пример рота вирус инфекции), лекување со антибиотици или несоодветна исхрана.
Нарушувањето на рамнотежата на микрофлората се манифестира како стомачни грчеви (колики), надуеност, дијареја, запек или атопичен дерматит.
Употребата на бифидобактерии е од корист за физиолошката рамнотежа на цревната микрофлора и повторното воспоставување на нејзината природна рамнотежа.

Линекс Бејби пероралните капки се наменети за бебиња и деца до 12 годишна возраст: препорачаната дневна доза изнесува 6 капки еднаш дневно, по можност со оброк.

Пред употреба шишенцето треба да се протресе. Држете го шишенцето под агол од 30° и капнете 6 капки во лажица или во млеко/ храна еднаш во текот на денот.

За да се избегнете уништување на бактериите, Линекс Бејби пероралните капки не треба да се мешаат со топли напитоци. Доколку Вашето дете прима антибиотици, се препорачува да му дадете од Линекс Бејби пероралните капки најрано 3 часа после земањето на антибиотикот.

Product Description

  • LINEX BABY KAPKI 8 ML.