Gastrogard
200,00 ден
GastroGuard дејствува локално, преку неутрализација на желудочната киселина, и не зависи од системската апсорпција.
Во желудникот калциум карбонатот и магнезиум карбонатот реагираат со желудочната киселина, формирајќи вода и растворливи минерални соли.
Таблетите GastroGuard го намалуваат вишокот желудочна киселина и овозможуваат брзо ублажување на чувството на жарење зад градната коска (жиговина) и на надуеноста.
Таблетите за џвакање GastroGuard се користат за ублажување на желудочните тегоби поврзани со:
- нарушено варење на храната, вклучувајќи и нарушено варење на храната во текот на бременоста;
- прекумерно консумирање храна и пијалаци;
- гастритис, улкусна болест, рефлуксен езофагитис;
- нарушувања на црниот дроб или на жолчното ќесе.
ДОЗИРАЊЕ
Таблетите ГастроГард се земаат перорално, се џвакаат или се лижат.
Возрасни и деца над 12-годишна возраст:
Една или две таблети се џвакаат или се лижат вообичаено еден час по главните оброци или пред спиење, или при појава на тегобите.
Product Description
- Gastrogard x 24 tabl.