Daleron sirup za deca 100 ml.
195,00 ден
Далерон содржи парацетамол кој ја инхибира синтезата на простагландините во централниот нервен систем, со тоа ја намалува покачената телесна температура и ја ублажува болката (ослободува од болка). Поради ефикасното и безбедно дејство на парацетамолот, лекот е особено погоден за деца.
Суспензијата Далерон ја намалува покачената телесна температурата која се јавува при бактериски и вирусни инфекции, како и реакциите кај децата кои се јавуваат по вакцинација.
Препорачаната доза за деца е 10 до 15 мг парацетамол на кг телесна тежина. За попрецизно дозирање, заедно со лекот имате и шприц за перорална употреба. Измерете ја потребната количина со шприцот и испразнете ја во устата на детето. Можете и да го испразните шприцот во лажичка и потоа да му го дадете на детето.
Пред употреба, добро протресете го шишето. По употреба, добро затворете го шишето. Измијте го шприцот со вода, по употребата.
Начин на чување: Лекот чувајте го на места недостапни за деца!
Product Description
- Daleron sirup za deca 100 ml.