Caj Sena

Caj Sena

75,00 ден

Сената е корисна кај запек, иритабилен цревен синдром, а во чајните мешавини се применува и за чистење и редукција на телесната тежина. Листот од сена одамна е познат како лаксатив. Ефикасно го стимулира празнењето на цревата, а дејството е 6-10 часа по употреба. Влијае на зголемено излачување на калиум, па во случај на предозирање доаѓа до појава на грчеви во стомакот. При долготрајна примена доведува до загуба на природното движење во цревата и појава на „мрзливи црева“.

Чај од исушен лист од сена се применува кај опстипации и претставува силен лаксатив. Понекогаш се користи и плодот – мешунка. За физиолошкото дејство се одговорни сена гликозидите – сенозиди А и Б. Овие органски супстанции ја зголемуваат секрецијата во желудникот и перисталтиката на цревата што ја поттикнува лаксацијата.

Чајот од сена се пие навечер пред спиење, една шолја. Не треба да се консумира постојано, бидејќи може да доведе до создавање навика, па цревата може да го изгубат природниот рефлекс за перисталтички движења, односно нивно празнење

Product Description

  • Caj Sena filter x 20 kesicki