Caj Becutan za dobra nok filter

Caj Becutan za dobra nok filter

150,00 ден

Приготвен од специјално одбрани билки со потврден квалитет, чиj состав претставува мешавина од сладок анасон, од камилица и од листови од матичина. Покрај дејството да ги ублажува стомачните грчеви, инстант-чајот за добра ноќ истовремено придонесува за подобар сон.

Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично дејство. Тие го поттикнуваат лачењето желудочен сок и ја подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите. Цветовите од камилица, поради компонентите што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикропско дејство. На камилицата ѝ се препишуваат и својства за олеснување на искашлувањето, а, исто така, таа дејствува благопријатно и при несоница и при состојби на вознемиреност. Листовите од матичина ги ублажуваат проблемите со варењето на храната и имаат смирувачко дејство, со што помагаат за полесно заспивање и за подобар сон.

Производот не содржи:

  • сахароза;
  • вештачки бои;
  • aроми;
  • конзерванси;
  • млечни протеини и
  • глутен.

Out of stock

Product Description

  • Caj Becutan za dobra nok filter x 20 kesicki