Caj Becutan sladok anason I kamilica refus
240,00 ден
Becutan инстант чајот од сладок анасон и од цвет од камилица е приготвен од специјално одбрани билки, со потврден квалитет. Неодоливо сладок и вкусен напиток, подготвен со особено внимание за нашите најмили.
Слаткиот анасон и камилицата имаат карминативно и спазмолитично дејство. Тие го стимулираат лачењето желудочен сок и ја подобруваат перисталтиката, со што го подобруваат варењето на храната (таа подобро се разградува и се ресорбира). Воедно, го помагаат и отстранувањето гасови од системот за варење, при што се намалува надуеноста на цревата и се смируваат грчевите. Цветовите од камилица, заради компонентите што ги содржат во етеричното масло, имаат и противвоспалително и антимикробно дејство. На камилицата и се припишуваат и својства за олеснување на искашлувањето, а, исто така, таа дејствува благопријатно и при несоница и при состојби на вознемиреност.
Производот не содржи:
- вештачки бои;
- aроми;
- конзерванси;
- млечни протеини и
- глутен.
Product Description
- Caj Becutan sladok anason I kamilica refus 200g.