Babytol D3 + K1

Babytol D3 + K1

365,00 ден

Babytol D3 + K1 е комбинација на витамини кои се неопходни на вашето бебе од неговото раѓање. Овие витамини се наменети за новороденчиња на природна исхрана, бидејќи мајчиното млеко не содржи доволно количество од овие витамини.

Дополнително, бебињата кои се на мешовита исхрана, до два оброка со адаптирано млеко за бебиња на ден, треба да применуваат Babytol D3 + K1.

Витаминот D3 е „витамин на сонцето“. Препорачана е дневна доза од 400 IЕ од осмиот ден од животот, бидејќи е исклучително важен за правилен раст на коските и забите. Недостатокот на витаминот D3 може да предизвика кршливост на коските, деминерализација и кревки коски, односно болест која се нарекува рахитис. Витаминот К1 уште се нарекува и „витамин на коагулација“. Се препорачува примена на 25 mcg дневно, од осмиот ден до крајот на третиот месец по раѓањето, бидејќи е исклучително значаен за синтеза на факторите за коагулација и здрав крвен систем на бебињата. Поради неговиот недостаток може да дојде до крвавење и тешки заболувања, кои, за среќа, се ретки.

Со примена на една капсула дневно ќе бидете потполно сигурни дека вашето бебе ги прима неопходните витамини за здрав раст и развој.

Product Description

  • Babytol D3 + K1 x 30 caps.