Acerola 500 mg.

Acerola 500 mg.

390,00 ден

СОСТАВ

Една таблета содржи 500 mg природен витамин Ц добиен од ацерола, цреша од Барбадос.

ФАРМАЦЕВТСКА ФОРМА

Таблети за џвакање.

ДЕЈСТВО

Ацерола Алкалоид е диететски додаток во секојдневната исхрана. Витаминот Ц е есенцијален витамин којшто е растворлив во вода.

Витаминот Ц придонесува за одржување на нормалната функција на имунолошкиот систем во текот на интензивни физички вежби и по нив. Витаминот Ц придонесува за нормално создавање колаген, при што се овозможува нормално функционирање на крвните садови, кожата, коските, ’рскавицата, забите и на непцата. Тој придонесува за нормален метаболизам за создавање енергија, придонесува за нормално функционирање на нервниот систем и за нормално психолошко функционирање. Витаминот Ц придонесува за намалување на заморот и на исцрпеноста.

Витаминот Ц придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железо.

УПОТРЕБА

Таблетите Ацерола Алкалоид се користат при состојби во коишто е зголемена потребата за витамин Ц.

Возрасни:1 таблета на ден.

Product Description

  • Acerola 500 mg. x 30 tableti