- KARDIOL X 30 KESICKI
KARDIOL KESICKI
1.360,00 ден
Кардиол е додаток на исхрана на база на коњак глукоманан и црвен ферментиран ориз, кој допринесува за одржување на нормални концентрации на холестеролот во крвта.
Состав:Една ќесичка содржи: сув екстракт од корен на Amorphophallus konjac K. Koch, ssp. Amorphophallus japonica, стандардизиран на 96% влакна, 2.00 g и сув екстракт од црвен ориз, кој одговара на доза од 5 mg монаколин К.
Други состојки: глукоза монохидрат, регулатори на киселост: натриум хидрогенкарбонат и лимонска киселина, арома, средство против згрутчување: магнезиум оксид, засладувач: стевиа гликозиди.
Намена:Кардиол е наменет за возрасни лица со зголемени концентрации на холестерол.
Како се употребува Кардиол?
Пред оброк разматете ја содржината на 1 ќесичка прашок во минимум 200-250 ml вода и испијте ја течноста за време до 2 минути, бидејќи потоа преминува во гел структура. Препорачана дневна доза е 2 ќесички на ден.