- Blokmax gel 50 g.
ПРЕПОРАЧАНО
Blokmax gel
255,00 ден
Гелот БлокМакс како активна супстанца содржи ибупрофен, кој спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). Ибупрофенот ја ублажува болката и ги намалува воспалението и отекувањето.
Индикации
Гелот БлокМакс се употребува како локална симптоматска терапија за ублажување на:
- ревматски и мускулни болки,
- болки во грбот,
- болки и отекувања предизвикани од исчашувања, истегнувања и од спортски повреди,
- невралгија,
- болки при благи до умерени артритични состојби.