ProAftol sprej

ProAftol sprej

430,00 ден

ПРОАФТОЛ претставува комбинација на прополис и повеќе етерични масла кои имаат поголем број фармаколошки дејства. Производот е ефикасно средство за решавање на проблемите со афти.
Проафтол е граничен производ кој е наменет за ублажување на симптомите при афти, гингивит, стоматит, алвеолит, ерозии од неинфективна и инфективна етиологија, декубитални и рентген улкуси.

Составните компоненти на Проафтол поседуваат бактерицидно дејство против поголем број на бактерии (претежно Грам – позитивни), потоа антивирусно (Херпес симплекс и А2 вирусот на грип), антисептичко, анестетичко и антиоксидативно дејство кое е потенцирано од присуството на анестезинот.

Состав:
25% прополис во разреден алкохол,
Етерични масла на: жалфија (Salviae off.) 0,4 г.;
Нане (Menthae piperitae) 0,6 г.;
Анис (Ol.Anisi) 0,3 г.;
Ментол Menthol 0,6 г.;
Анестезин (Anesthesine) 3,0 г.

Дозирање: По 2-3 напрскувања, 3-4 пати на ден, половина час пред јадење.

Product Description

  • ProAftol sprej 20 ml.