Daleron sirup za deca 100 ml.

Daleron sirup za deca 100 ml.

195,00 ден

Далерон содржи парацетамол кој ја инхибира синтезата на простагландините во централниот нервен систем, со тоа ја намалува покачената телесна температура и ја ублажува болката (ослободува од болка). Поради ефикасното и безбедно дејство на парацетамолот, лекот е особено погоден за деца.

Суспензијата Далерон ја намалува покачената телесна температурата која се јавува при бактериски и вирусни инфекции, како и реакциите кај децата кои се јавуваат по вакцинација.

Препорачаната доза за деца е 10 до 15 мг парацетамол на кг телесна тежина. За попрецизно дозирање, заедно со лекот имате и шприц за перорална употреба. Измерете ја потребната количина со шприцот и испразнете ја во устата на детето. Можете и да го испразните шприцот во лажичка и потоа да му го дадете на детето.

Пред употреба, добро протресете го шишето. По употреба, добро затворете го шишето. Измијте го шприцот со вода, по употребата.

Начин на чување: Лекот чувајте го на места недостапни за деца!

Product Description

  • Daleron sirup za deca 100 ml.