Trachisan

Trachisan

330,00 ден

Трахисан пастилите содржат активни компоненти кои имаат аналгетски и антимикробни својства, кои се употребуваат како лековито средство при воспаленија во усната шуплина и грлото како стоматит, гингивит, парадонтоза, глосит, тонзилит, фарингит, дисфагија. Во профилактички цели за спречување на инфекции пред и по хируршки интервенции во усната шуплина и грлото.

Состав: 1 пастила содржи 0.5 мг тиротрицин, 1 мг лидокаин хидрохлорид и 1 мг хлорхексидин диглуконат, сорбитол, магнезиум стеарат и арома (масло од ментол).

Употреба: Возрасни и деца над 6 години земаат по една пастила, која треба бавно да се шмука, на секои 2 часа. Максимална дневна доза за деца е до 6 пастили, а за возрасни до 8 пастили. При редовна употреба на препаратот симптомите исчезнувааат по неколку дена. За максимална ефикасност на терапијата, истата треба да се продолжи и 2-3 дена по исчезнување на симптомите.
Доколку нема подобрување уште во првите 10 дена, потребна е консултација со лекар.
Трахисан пастилите ако не се препишани од лекар или стоматолог, не треба да се земаат повеќе од 6 седмици без прекин.

Product Description

  • Trachisan x 20 past.