Plivit C
198,00 ден
Витамин Ц, или аскорбинска киселина — витамин растворлив во вода, присутен во овошјето и зеленчукот. Тој е еден од најиспитуваните и најопишуваните витамини, и е првиот синтетизиран витамин. Овој витамин има редукциони својства и учествува во многу биолошки процеси. Важен е за синтезата на колагенот и карнитинот, како и за метаболизмот на масните киселини. Тој е најсилниот антиоксиданс меѓу витамините кои се растворливи во вода.
Витаминот Ц има неколку важни улоги во организмот на човекот:
- влијае на растот на `рскавичното ткиво и на забите
- има улога во синтезата на стероидните хормони
- ја стимулира адреналинската функција и ослободувањето на адреналин и норадреналин од сржта на надбубрежната жлезда
- има антиоксидативно својство, односно учествува во отстранувањето на слободните радикали
Product Description
- Pliva-Plivit C 500mg. X 60 tabl.