Ascorvita Max

Ascorvita Max

439,00 ден

Производот Аскорвита Макс e диететски производ, храна за посебни медицински намени со Витамин Ц 1000 mg, Витамин Д 50 µg (2000 UI) и Цинк 10 mg, наменет за потребите на исхрана кај лица со ослабен имунитет и одржување на здравјето и функцијата на имунолошкиот систем, мускулите, коските и зглобовите. За диететско регулирање кај лица со остеопенија, остеопороза, автоимуни, кардиоваскуларни, малигни болести и други состојби и болести кај кои е неопходен надомест на витамин Д.
Таблета со модифициран систем на ослободување -MRS™, овозможува ослободување на Витаминот Ц во тек на подолг временски период.
Таблетите се состојат од два слоја

Првиот слој на таблетата го карактеризира брзото ослободување на Витаминот Ц. Вториот слој се карактеризира со постепено ослободување на Витаминот Ц.

Состојки: L-аскорбинска киселина, микрокристална целулоза (средство за зголемување на волумен), хидроксипропил-метилцелулоза (згуснувач), холекалциферол, цинк-оксид, магнезиум стеарат (средство против згрутчување), рибофлавин (боја)

Употреба: над 18 години : 1 таблета на ден

 

Product Description

  • Ascorvita Max x 30 tableti